По вчерашната завршница на квалификациите за ракометното ЕП 2020, Македонија по шестипат успеа да се најде на завршницата на континенталните собири. Сега преостанува на 28 јуни во Виена да ги дознаеме групите за шампионатот кој во јануари не очекува во Шведска, Австрија и Норвешка.
Ова ќе биде првото ЕП на кое ќе играат 24 репрезентации поделени во 6 групу со по четири селекции. За шест репрезентации веќе се знае и во кои групи ќе бидат.
Според она што е познато, Хрватска ќе биде во групата „А“ во Грац, Австрија во групата „Б“ во Виена, Германија во групата „Ц“ во Трондхајм, додека Норвешка ќе ја предводи групата „Д“. Во Малме во групата „Е“ ќе биде Данска, додека последна група „Ф“ ќе ја предводи Шведска која своите мечеви ќе ги игра во Гетеборг.
Македонија е во вториот шешир, каде се и Чешка и Словенија, како и Русија, но и Норвешка и Данска кои веќе имаат свои групи. Овие селекции сигурно нема да бидат наши ривали на ЕП.