Желсон Фернандез ќе паузира еден месец

0

Играчот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Желсон Фернандез ќе биде надвор од теренот околу еден месец поради повреда.

33-годишниот фудбалер има повреда која ја заработи на натпреварот против Волфсбург во саботата кога влезе како резерва. Желсон минатиот месец објави дека ја прекинува својата кариера по крајот на оваа сезона. Швајцарецот има 67 натпревари за репрезентацијата на Швајцарија.

Тој играше и за Манчестер Сити, Спортинг Лисабон и Фрајбург, пред да се пресели во тимот на Ајнтрахт во 2017 година, со кој го освои германскиот куп во 2018 година. Ајнтрахт гостува кај Вердер Бремен утре во одложениот натпревар од 24-то коло од Бундеслигата.

Share.

Leave A Reply