Женската фудбалска репрезентација се собира за мечот со Србија

0

Женската фудбалска репрезентација на Македонија на 1 март во пресрет на квалификацискиот натпревар на гости со Србија, кој ќе се одигра на 6 март, зкажа прв собир во Скопје. Селекторот Изов вели дека не чека тежок дуел, но тимот е мотивиран за добар настап.

„После неколкумесечната пауза без квалификациски натпревари, нѐ очекува натпревар на гостински терен против најдобрата репрезентација на Србија. Добро го познаваме противникот, анализирани се грешките од октомврискиот дуел во Скопје и сите сме силно мотивирани да одиграме многу подобар натпревар во Лазаревац. Иако не сме комплетни – поради повреди Ели Јаковска и Маја Ангеловска нема да можат да ни помогнат, искрено се надевам дека сите други повикани фудбалерки ќе го дадат максимумот со што ќе можеже да се избориме за позитивен резултат против силниот противник“ изјави селекторот Кирил Изов.

Следните фудбалерки ќе бидат на располагање за натпреварот со Србија:

Викторија Панчурова (ЖФК Тиверија), Александра Ристовска (ЖФК Тиверија), Ане Бошеска (ЖФК Тиверија), Теодора  Димоска (ЖФК Тиверија), Ивана Николова (ЖФК Тиверија), Суарта  Речи (ЖФК АСС Јунајтед), Улза  Максути (ЖФК АСС Јунајтед), Магдалена Лекоска (ЖФК СЦ Истатов), Јана Чубриноска  (ЖФК Деспина), Катерина Милеска (ЖФК Деспина), Рабија Дервиши (ЖФК Каменица САСА), Павлинка Николовска (ЖФК Каменица САСА), Марјана Нацева (ЖФК Каменица САСА), Христина Јошевска (ЖФК Каменица САСА), Хава Мустафа (ЖФК Шкендија), Елма Шемсовиќ (ЖФК Драгон 2014), Наташа Андонова (Леванте-Шпанија), Гентијана Рочи (Купс-Финска), Јулија Живиќ (Неа Саламаниа-Кипар), Романа Трајковска (Раперсвил Јона-Швајцарија).

Share.

Leave A Reply