Женската трка со над 1700 учеснички

0

Шестото издание на Женската трка во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија за првпат како улична трка обедини над 1700 жени. Бројката на пријавени учеснички оваа година беше рекорден одзив за учество на оваа трка, која е дел од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот маратон.

Годинешни победнички на трката се Милјана Ристиќ, Марго Бојаџиева и Рената Соколовска, кои добија вредни награди. Учесничките на Женската трка минаа 2 километри на булеварот Илинден во Скопје манифестирајќи силна желба да се биде дел од масовната спортска манифестација која ги обединува жените од сите возрасти без разлика на претходното искуство во трчањето.

Награди беа доделени и на најдобрите три во 7 одделни категории според возрасните категории во кои што беа поделени учесничките.

Share.

Leave A Reply