Женското Куп финале в недела во „Автокоманда“

0

Женското ракометно Куп финале за оваа година ќе се одигра во недела во „Автокоманда“. Ракометниот клуб Металург кој е организатор на завршницата на женскиот Куп денеска ги објави термините за одигрување на завршните натпревари.

В сабота на програмата ќе бидат полуфиналните дуели. првиот од 13.30 часот ќе го одиграат домаќинот на турнирот Металург и екипата на Прилеп, а европскиот вицешампион Вардар од 16 часот ќе го одигра второто полуфинале против екипата на Гевгелија.

Ден подоцна в недела од 12.30 часот ќе се одигра финалниот меч, по кој ќе биде доделен и Куп пехарот за најдобрата екипата оваа сезона.

Share.

Leave A Reply