Жервињо се извини, па го вратија во тимот на Парма

0

Според информациите од Италија, напаѓачот од Брегот на лсонова коска, Жервињо, се вратил на тренинзите на Парма. 32-годишниот фудбалер остана без тим, откако се обиде да изнуди преселба во Ал-Сад на крајот на јануари, па неоправдано отсуствуваше од тренинзите на Парма три дена.

Тој, наводно, се извинил за своето однесување и тренерот на Парма решил да го врати на „Енио Тардини“.

„Кориере дело Спорт“ објави дека ситуацијата е решена по средбата меѓу играчот и раководството на тимот. Жервињо вчера бил на тренинзи со своите колеги и може да се очекува негово враќање во тимот за викенд дуелот со Сасуоло.

Share.

Leave A Reply