Жестока тепачка меѓу навивачите на Левски, Краковија и Ајакс

0

Немили сцени од пресметката на фанови на неколку екипи ја блокирале Братислава, објавија извори од Словачка. Група бугарски навивачи на екипата на Левски се тепале со навивачи на на холандскиот Ајакс и полскиот тим Краковија во центарот на словачката престолнина.

Инцидентите се случиле во пресрет на натпреварот на Левски со Ружомберок од првото квалификациско коло на Лига Европа, на кој се очекува д абидат присутни околу 500 бугарски навивачи. Средбата е вечерва во 18.30 часот во истоимениот словачки град.

Краковија има натпревар во Словачка со друг тим – Дунајска Стреда, а навивачите на Ајакс се пријатели на полските навивачи.
Во соопштението до медиумите беше опишан целиот настан:

„Нешто пред 21 часот по локално време на една од централните улици во центарот на словачката престолнина Братислава, каде што има многу институции, дошло до судир меѓу фудбалски навивачи од Бугарија, Полска и Холандија. Нанесени се материјални штети на објектите и има повредени. Полицијата уапси околу 80 лица. Се очекува денес да биде донесена одлука околу тоа какви казни ќе заработат уапсените навивачи“ се вели во соопштението. Не е објавена информација колку навивачи завршиле во болница и дали има посериозно повредени.

Share.

Leave A Reply