Челниците на фудбалскиот состав Рома, сакаат да му го продолжат договорот на дефанзивниот играч, Хуан Жесус, тврди денеска – „Tuttomercatoweb“.
26-годишниот играч од одбраната и се приклучи на „волчицата“ во летото во 2016 година кога го напушти составот на Интер. Тој во тековнава сезона одигра 26 натпревари и беше еден од главните фактори за пласманот на калчолигашот во полу-финалето во Лигата на шампионите.
Според наведеното, Жезуз ќе доби нов двегодишен договор со евидентно подобри услови пред се од финансиски аспект.