Единствениот женски преставник во ракометна Европа оваа есен, екипата на ЖРК Пелистер, во рамките наосминафиналето од Челинџ Купот ќе игра против нишка Наиса.
Битолчанки на денешната ждрепка за противник ја добија моментно третопласираната екипа од српската ракометна лига за жени, а која беше сместена во листата на носители за ова осминафинале.
Првиот дуел е закажан во Битола на 2/3 февруари, додека реваншот е во Ниш седум дена подоцна.