Македонскиот шампион ЖРК Вардар победи во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите противј Мидтјиланд со 24-23 и веројатно со една нога веќе го трасираше патот кон Ф4 турнирот во Будимпешта.
„Вардарки“ одиграа лошо прво полувреме во кое домашните направија предност од 3 гола, па дури кон средината на вториот дел нашиот првак успеа да ја стабилизира играта и да преземе иницијатива. Во последните минути на мечот „вардарки“ дојдоа до предност и од 3 гола, но домашните успеаја да анулираат и да дојдат само на минус еден.
Како најдобар стрелец Драгана Цвијиќ мечот го заврши со 8 гола, додека Лекиќ постигна 6. Кај домашните се истакнаа Кристијансен и Фрис со по 6 гола. Реванш дуелот се игра на 14 април во Скопје.