ЖРК Вардар по петти пат оди во Будимпешта

0

Ракометарките на ЖРК Вардар по петти пат се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Будимпешта, откако славеа по втор пат против данскиот шампион Митјиланд.

Нашиот тим и европскиот вицепрвак имаше предност од еден гол и од гостувањето во Данска, но сепак на оваа средба влезе максимално мотиввирано и посакуваше со победа да се прости од домашните навивачи.

Во натпревар со многу емоции, кој впрочем значеше последен настап пред домашната публика на овој состав на Вардар, ракометарките дадоа се од себе за да ги израдуваат своите навивачи и да забележат убедлива победа која на крајот беше изразена со 7 голови разлика 32:25.

Вардар во второто олувреме иамше предност од максимални 25:13, во првите 15 минути од второто полувреме „Вардарки“ не примија гол, а тоа им помогна да ја направат оваа огроман преност.

Најдобар стрелец во Вардар беше Лекиќ со седум голови, Пенезиќ постигна пет, додека по четири пати во листата на стрелци се запишаа Радичевиќ, Лакрабер и Кузнецова.

Покрај Вардар, на Ф4 турнирот во Будимпешта се пласираше рускиот Ростов, а таму ќе треба да бидат Ѓер и ЦСМ Букурешт, кој ќе се борат за титулата на 12 и 13 мај. ЖРК Вардар ќе биде дел од Ф4 турнирот во Будимпешта по петти пат.

Share.

Leave A Reply