ЖРК Вардар убедлив против Металург за нов Куп трофеј

0

Ракометарките на ЖРК Вардар лесно дојдоа до својот 6-ти трофеј во Купот на Македoнија.

И покрај тоа што настапија без ѕвездите во ростерот, сепак дојдоа до убедлива победа во финалето против Металург кој го победија со 46:24. На овој начин ракометарките на Вардар дојдоа до својот шести Куп трофеј.

ЖРК Вардар денес настапи со девет ракометарки во составот, од кои шест Македонки, но тоа не беше причина да не се радуваат на уште една убедлива победа против екипатана Металург.

Најдобри стрелци во победничката екипа беше Андреа Кликовац која постигна 11 голови, Јована Саздовска реализираше седум, а по шест постигнаа Марија Петровиќ и Сара Ристовска. Кај Металург најефикасни беа Марија Тасевска и Јана Калајџиевска кои реализираа по четири гола.

Ова беше и последниот трофеј кој го подигна оваа генерација на ракометарки на ЖРК Вардар, екипа која од следната сезона ќе игра со подмладен и променет состав.

Share.

Leave A Reply