Жуков ќе се насочи само кон политиката

0

Претседателот на рускиот олимписки комитет, Александар Жуков, објави дека си поднел оставка. Тој наведува дека причината за неговата одлука е желбата целосно да се фокусира на политичката кариера.

Жуков додека беше претседател на Рускиот олимписки комитет ја извршуваше и должноста на заменик-претседател на рускиот парламент од квотата на владејачката партија – „Единствена Русија”. Жуков кој го презема раководењето со Рускиот олимписки комитет од 2010 година, во еден период мораше да се соочи со обвинувањата за користење на допинг од страна на руските спортисти.

На Зимските олимписки игри реализирани годинава во февруари во Понг Чанг, на Русија не и беше дозволено да учествува.

Share.

Leave A Reply