Жуниор најверојатно нема да игра, Хасани неизвесен

0

Шкендија има голем проблем во пресред навечерашниот натпревар со Милан. Бразилецот Стенио Жуниор не тренираше на сониќешниот официјален тренинг и видливо беше сето тоа затоа што беше со мраз на ногата. Бразилецот нема среќа да игра против европскиот гигант Милан, бидејќи заради црвениот картон против Тракаи не настапи на „Сан Сиро“ минатиот четврток.

Една од главните „алки“ во играта на Шкендија Ферхан Хасани тренираше и шефот на стручниот штаб на Шкендија Ќатип Османи во последен момент ќе треба одлучи дали ќе го стави во стартниот тим или нема да ризикува. Ако Шкендија излезе на мегдан без своите овие двајца фудбалери, шансите за било какво изненадување ќе бидат намалени. Што се однесува до Милан и тие допатуваа во Скопје без неколку стандардни играчи како што се

Хакан Чалханоглу, Никола Калиниќ, Андреа Конти и Џанлуиџи Донарума, но сепак ростерот на Монтела е голем и затоа може да комбинира и да го чува тимот за мечот со Каљари кој го играат во недела како дел од второто коло на Серија А.

Share.

Leave A Reply