„Журнал“: Станиќ оди во Вардар

0

Српскиот дневен весник „Журнал“ денеска ги потврди гласините дека дарко Станиќ ќе се врати во Македонија следната сезона и ќе биде нов голман на екипата на Вардар. Искусниот 39-годишен екс-голман на Металург ќе биде замена за Арпад Штербик на голот на шампионот.

Станиќ беше ѕвезда на голот на Металург во периодот од 2011 до 2014 година, а веќе една година е без ангажман.

Share.

Leave A Reply