Реал Мадрид ќе плати 55 милиони евра за да го обезбеди потписот на фудбалерот на Ајакс, Дони Ван Де Бек.
Тоа значи дека „копјаниците“ по Матијас Де Лихт кој замина во Јувентус и Фреки Де Јонг кој се пресели во Барса, ќе останат без уште еден одличен играч кој потекува од младинската школа. 22-годишниот фудбалер од средниот ред имаше фантастични мечеви во претходната сезона во Лигата на шампионите кога холандскиот состав успеа да дојде дури до 1 /2 финалето.
Шпанските медиуми наведуваат дека „кралевите“ ги договориле сите детали околу трансферот и дека фудбалерот набрзо ќе се појави на – „Сантијаго Бернабе“.