Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реши да одмара неколку свои играчи и да ги стави надвор од списокот за гостувањето кај Бриж во Лигата на шампиони.
Екипата на Реал Мадрид е сигурен учесник во 1/8 финалето и нивната посета на Белгија е само формалност. Капитенот Серхио Рамос и Тони Крос остануваат во Шпанија и се подготвуваат за следниот натпревар со Валенсија.
Герет Бејл е опоравен од повреда и се очекува да одигра од почетокот на мечот во среда. Надвор од комбинација за оваа средаб се сеуште повредените Марко Асенсио, Еден Азар, Хамес Родригез, Лукас Васкез, Марсело и Маријано Дијаз.