Зидан: ќе одиме на победа

0

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, пред денешниот меч на теренот на Галатсарај во Лигата на шампиобните, вели дека неговиот тим го има потребниот квалитет за да ги освои бодовите во Истанбул.

„Добро знаеме за што ќе играме во Турција. Знаеме дека мора да играме на победа и дека немаме друга опција. Мора да бидеме фокусирани затоа што само така ќе победиме“ – нагласи Французинот.

„Бејл и Модриќ нема да бидат во комбинација а под знак прашалник е Тони Крос. Верувам во моите играчи, нема да се повтори дуелот против Мајорка. Го имаме потребниот квалитет за да обезбедиме пласман во наредната рунда“ изјави тренерот на „кралевите“.

Share.

Leave A Reply