Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, одби да ги коментира плановите за трансфери на кралскиот клуб. „Овде има многу играчи кои можат да донесат многу пари. Секој е многу добар и има голем интерес за нив”, рече Зизу, на прашањето дали Реал треба да го продаде Иско, кој што е меѓу најскапите на пазарот.
Во врска со ситуацијата со Герет Бејл, францускиот тренер рече: „Останаа уште седум кола до крај. Ќе има промени. Ќе сметам и на Герет“ истакна Зидан кој воедно откри која е причината што на последниот тренинг го немаше Тони Крос: „Тој има проблеми со стомакот. Тој имаше тешка ноќ и затоа не тренираше денес. До утре, ќе видиме дали ќе биде во ред” потврди Зидан.
„Бензема е компатибилен со сите. Добрите играчи знаат како да играат заедно. Карим е поинаков. Тој прави многу работи, тој постигнува голови како „деветка” и организира напад како „десетка”, рече тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој утр од 21 часот гостува кај Легањес.