Зидан: „Следната сезона ќе играме подобро“

0

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, не го прифати драматично резилтатот 1:1 против Леганес на гостински терен во 32. Коло од „Ла Лига“.

Французинот веќе размислува за следната сезона, а за него оваа е веќе завршена неуспешно и главна цел е да ја подготвува екипата за она што ги очекува следната.

„Не ми се допадна првата половина од натпреварот, по паузата одигравме подобро и се спасивме од пораз. Моите впечатоци не се добри, но тие не се многу лоши, во однос на тоа како влеговме во натпреварот, а Легањес се покажа како тежок противник. Свесни сме дека повеќе не можеме да освоиме нешто оваа сезона. Имаме шест натпревари и мораме да почнеме да играме подобро. Сигурно ќе играме подобро во новата сезона, но сакам тоа да го започне токму сега”, рече Зидан. Реал Мадрид со вкупно 61 поен е трет на табелата, додека Барселона е лидер со 74 бода.

Share.

Leave A Reply