Зидан со многу проблеми пред мечот со Виљареал

0

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е под притисок на кадровски проблеми пред утрешниот натпревар со Виљареал.

„Имаме играчи со болки и повреди и ова се лоши вести. Варан не е 100% подготвен, но тој сака да игра и тоа е убаво. Ќе видиме што ќе правиме утре. Рамос ќе недостасува многу, тој е лидер и го покажува тоа“, рече францускиот тренер на прес-конференција пред утрешниот натпревар со Виљареал.

„Фудбалерите воопшто немаа одмор, календарот е многу тежок. Не зборувам само за моите играчи. Треба да им дадеме повеќе одмор, но тоа е мое мислење“, рече Зидан. Запрашан за преговорите за нов договор со Серхио Рамос, Зизу одговори: „Колку побрзо се реши ова прашање, толку подобро“.

„Карвахал и Начо се подготвени, но сè уште немаат натпревари и не знаеме како ќе се чувствуваат. Случајот е различен за Касемиро, Азар и Милитао. Тие тренираа сами. Мора да размислиме за утрешниот натпревар. Секој натпревар е важен – и овој и претстојниот во среда“, изјави тренерот на Реал Мадрид. Карим Бензема и Лука Јовиќ се под знак прашалник и за натпреварот со „Жолтата подморница“.

Share.

Leave A Reply