„Златната топка“ ќе биде доделена на Ајфелобата кула во Париз

0

На многу невообичаено место ќе биде одржана церемонијата каде што ќе биде доделена најпрестижната индивидуална награда во фудбалот – „Златната топка” објави организаторот „Франс Фудбал”.

Наградата ќе биде доделена во петокот на врвот на Ајфеловата кула во Париз, а водител на настанот ќе биде поранешниот француски репрезентативец Давид Жинола. Фаворит за добивање на оваа награда е ѕвездата на Реал (Мадрид), Кристијано Роналдо, кој ја освои титулата во Шпанија и трофејот во Лигата на шампионите и тоа по втор пат во серија.

Ако Роналдо ја добие оваа награда, тоа ќе биде неговата петта „Златна топка”, со што ќе се израмни со рекордерот според овој показател Лионел Меси.

Share.

Leave A Reply