„Златниот Гонг“ за Романецот Викол

0

Романскиот боксер Думитру Викол е освојувачот на „Златниот Гонг“ оваа година. Тој денеска победи во финалето во категоријата до 75 килограми со 3:0 против нашиот боксер Октај Фератов и ги освои симпатиите на стручното жири.

Наградата за најдобат техничар му припадна на бугарскиот боксер Бојан Асенов, додека најдобар македонски боксер на ова издание на „Златниот Гонг“ беше прогласен Јасин Љама, кој победи во финалето во категоријата до 60 килограми.

Годинава на „Златниот Гонг“ се појавија 40-тина боксери од 8 земји. Од Македонија имаше боксери во скоро сите завршни борби, но победи остварија само Љама и Демиров.

Share.

Leave A Reply