„Златниот Гонг“ за Вјерда од Албанија

0

Беким Вјерда од Албанија е годинешниот освојувач на „Златниот Гонг“. Во конкуренција на 40-тина боксери Вјерда победи во финалето на 81 килограм, откако во можеби и најдобрата борба беше подобар од Никола Стевановиќ од Србија.

Најдобар техничар на турнирот е Виолент Сулејмани од Косово, најдобар македонски боксер Денис Муаремовски, додека најдобар странски боксер е Лазар Станојевиќ од Србија.

Годинава на 47. издание на „Златниот Гонг“ имаше просечен квалитет со учество на боксери од регионов. Од нашите боксери видовме само двајца финалисти, кои не успеаја да победат во завршните борби.

Share.

Leave A Reply