Злато со нов светски рекорд на 50 километри брзо одење

0

Португалката Инес Енрикез со време на нов светски рекорд (4:05:56 часа) го освои златниот медал на трката на 50 километри брзо одење во женска конкуренција. Енрикез за околу 3 минути го подобри досегашниот светски рекорд кој беше исто така нејзино постигнување од почетокот на годината.

Таа зад себе ги остави кинеските натпреварувачки Јин и Јанг, кои на крајот се задоволија со сребрениот и бронзениот медал.

Конечно, во шестиот обид, Јоан Диниз од Франција стана светски шампион на 50 километри брзо одење. Она што не успеа да го направи на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, му успеа во истиот тој град пет години подоцна.

Овој пат на Французинот не му беше потребна поддршка од останатите натпреварувачи, затоа што ја поведе колоната уште на стартот и до крајот го задржа првото место. Овој негов настап потсети на трката на ЕП 2014 година, кога успеа да го собори светскиот рекорд.

Диниз победи со време од 3:33:12 часа. Второто место и сребрениот медал му припадна на Хироки Араи (Јапонија), а бронзен остана неговиот сонародник Каи Кобајаши.

Share.

Leave A Reply