Македонската фудбалска репрезентација ја забележа третата победа во квалификациите за ЕП со што остана во конкуренција за второто место на табелата. Македонија денеска славеше заслужено против Словенија на Арената – „ Тодор Проески“ со 2 спрема 1 со што остана во самиот врв на табелата во групата „Г“.
Во 50-та минута капитенот Горан Пандев прекрасно асистираше до Елиф Елмас кој успеа да го матира голманот, Јан Облак, за голема радост на трибините во Скопје. Фудбалерот на Наполи ги покажа врвните квалитети и во 68 минута кога по втор пат успеа да погоди во мрежата на Словенија за убедливо водство од 2 спрема 0. Гостите единствениот гол го реалзираа преку Иличич од пенал во 90-та минута. Во другите денешни дуели во напшата група, Полска славеше кај Летонија со 3:0 додека Австрија на домашен терен го победи Израел со 3:1.
На табелата води Полска со 16 бодови, пред Австрија со 13 и Македонија и Словенија кои имаат по 11-ет. Израел има 8 а летонците се последни без бод. Македонија в недела ја очекува гостување кај лидерот Полска додека Словенија ќе игра со Австрија. Натпреварот меѓу Израел и Летонија е закажан за 15 октомври.