Македонскиот ракометен тим Металург, актуелен освојувач на ракометниот Куп на Македонија успеа да најде нов тренер и наскоро се очекува официјализација на црногорскиот стратег Зоран Кастратовиќ.
Тренерското место во клубот од Автокоманда беше празно по заминувањето на Дамир Стојановиќ, а Зоран Кастратовиќ беше една од желбите на управата на оваа екипа. Во текот на изминатите денови двете страни ги имале првите контакти, ппо што е договорена соработката, а се останува само да ппочекаме сето тоа да биде официјализирано со договорот. Зоран Кастратовиќ има искуство соводење на екипи од Македонија, тој беше предводник и на Вардар.
Металург се подготвува за настапите во ЕХФ Купот, каде е во последната квалификациска рунда пред групната фаза, меѓу носителите и утре ќе го добие својот противник.