Зверев е победник на турнирот во Акапулко

0

Седмиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев ја освои титулата на АТП турнирот во Акапулко. Во финалето тој го победи Гркот Стефанос Циципас со 6:4, 7:6 (3) .

За 23-годишниот Германец, кој загуби во финалето на овој турнир од Ник Кирјиос во 2019 година, ова е 14-та титула во неговата кариера, и прва оваа сезона.

Циципас, кој оваа година се пласираше во полуфиналето на Австралија опен и на турнирот во Ротердам, призна дека подобриот тенисер на крајот победи.

Share.

Leave A Reply