Зверев со прво полуфинале на Грен Слем турнирите

0

Германскиот тенисер Александар Зверев, седми носител на Австралија опен е третиот полуфиналист во машка конкуренција. Тој утринава во претпоследното четврфинале на машкиот турнир го совлада швајцарскиот тенисер Стен Вавринка (15) со 1:6, 6:3, 6:4, 6:2 и за 2 часа и 19 минути успеа да им се придружи на Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер во полуфиналето.

Зверев за првпат ќе игра во полуфинале на еден од Грен Слем турнирите, што за него сигурно ќе биде најголем предизвик во кариерата.

Кај дамите, 28-годишната Романка, Симона Халеп, инаку четврта фаворитка на Австралија Опен, обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен. Утринава, Халеп во првиот четврфинален меч со естонската дебитантка во завршницата на големите турнири Анет Контавеит, обезбеди победа со убедливи 6:1, 6:1 за само 53 минути.

Во полуфиналето на Австралија опен, Романката ќе игра против Шпанката Мугуруза, која веднаш по неа успеа да ја совлада Анастасија Пављученкова од Русија, со 7:5, 6:3.

Share.

Leave A Reply