Зверев: татко ми ќе плаче цела година

0

Германскиот тенисер, Александар Зверев, кој победи сензационално на завршниот Мастерс во Лондон, вели дека имал голема помош како од легендарниот Иван Лендл така и од неговиот татко.

21-годишниот Зверев во „О2 Арена“  славеше против Србинот, Новак Ѓоковиќ со 2-0 со што го постигна најголемиот успех во кариерата.

„Мојот татко ме тренира уште од самиот почеток. Мислам дека тој е најдобриот тениски тренер. Нема да престане да плаче до наредната година, но, тоа е добро. Веројатно и сега не ме разбира што зборувам. Исто така сакам да му се заблагодарам на Иван Лендл кој се реши да ни се приклучи и да придонесе за мојот голем успех” – рече Зверев.

Share.

Leave A Reply