Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено кај Селта 2:2 во рамките на шпанскиот шампионат а нивниот тренер, Ханси Флик, не крие дека е разочаран од резултатот. „Одигравме многу лош натпревар. Не се работи само за последните 10 минути. Направивме премногу грешки и не ја контролиравме добро топката“ – вели Флик. „Многу му ја олеснивме работата на нашиот противник. Игравме слабо во текот на целиот меч и тоа мора да се корегира“ – потенцираше тренерот на Каталонците.
Author: dino
Шпанските медиуми наведуваат дека Чоло Симоне на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од кормилото на Атлетико Мадрид. Аргентинецот го води шпанскиот фудбалски состав цели 13 години и во 700 мечеви има 300 победи. Последната беше на мечот со Алавеш со 2:1. Веднаш по дуелот Симеоне имаше кратка изјава за новинарите. „Како што можете да видите, живеам за моментот. Се наоѓаме во силен период а играчите се одговорни во извршувањето на обврските. Јас сум мирен. Јас сум на место кое многу го сакам“ – рече кратко Симеоне.
Андреј Темов, кој неодамна беше дел од тенискиот фестивал за играчи до 12 години организиран од Академијата Рафаел Надал, гостуваше на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. „Одлично си поминав во Мајорка, одиграв во сингл и во двојки. Во првото коло победив тенисер од Шпанија. Имав многу добри мечеви и задоволен сум. Целата организација беше одлична, имавме средба и со Карлос Моја, кој му беше тренер на Рафаел Надал. Тој е мој идол“ – вели Темов во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ. „Претходно имав одлични настапи и на развојниот турнир во Турција. Таму го освоив првото место иако имав…
Техничкиот директор на Милан, Жофре Монкада ги смири навивачите со изјавата дека успешно течат преговорите за обновување на договорите на Мајк Маињан и Тео Ернандез . „Разговорите започнаа пред два месеца и можам да кажам дека се одвиваат многу добро. Сигурно и двајцата се среќни во Милан и немаат желба да си заминат“, коментира Монкада. „Тео Ернандез може да биде лидер на тимот. Тој е сеуште млад и пред него е неверојатна кариера“, изјави Монкада.
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, проговори за неговиот однос со менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола. „Тој е најдобриот тренер во светот и веројатно најголемиот во историјата“ -изјави норвешкиот интернационалец за –„Sky Sports“. Се очекува шпанскиот фудбалски стартег да го продолжи договорот со Сити до 2027. Во исто време „граѓаните“ преговараат за нов договор и со Халанд.
Екипата на Тотенхем ќе му дозволи на дефанзивецот, Педро Поро, да замине во Реал Мадрид доколку шпанскиот состав плати 70-ет милиони евра, тврдат медиумите во Англија. Таа сума може да биде значајна пречка за реализација на таков трансфер. 25-годишниот дефанзивец во тековнава сезона има 11 настапи и 1 гол за „спарси“ . Дополнително се појави веста дека за потписот на Поро може да конкурира и Манчестер Јунајтед.
Возачот на Заубер во Формула 1, Валтери Ботас, ќе биде вратен пет места назад на стартот на трката за Големата награда на Лас Вегас поради употребата на дополнителна компонента во неговиот погон. Тој е единствениот кој го започна викендот во Вегас со значајни нови компоненти во неговиот погон. Серхио Перез, Алекс Албон, Лиам Лосон и Јуки Цунода имаат нови издувни системи а Лосон користи и нов менувач.
Тиери Нојвил се соочува со големи проблеми на релито Јапонија откако загуби повеќе од 42 секунди во третата етапа со неговиот – „Hyundai i20 N Rally1“ поради проблем со напојувањето. За жал за Нојвил, денеска нема пладневен сервис бидејќи возачите и тимовите имаа само простор за менување гуми. Во него тие можат да вршат само ограничени поправки со делови што ги носат во автомобилите.Тоа ќе го спречи – „Hyundai“ да ја поправи штетата
Канадскиот фудбалер, Алфонсо Дејвис, ќе го испочитува преддоговорот со Реал Мадрид и од наредната сезона ќе игра на стадионот – „Сантијаго Бернабе“, наведуваат денеска медиумите во Шпанија. Според нив, Канаѓанецот иако влегува во радарот на Манчестер Јунајтед, нема да го прекрши ветеното и ќе заигра за „кралскиот клуб“. 24-годишниот бек на Баерн Минхен во сезонава се појави на 15 натпревари.
Мароканскиот фудбалер во ПСЖ, Ашраф Хакими, потпиша нов договор со кој ќе остане во Франција до 2029 година. Десниот бек во 2021 година го напушти составот на Интер и се пресели на „Паркот на принцовите“. Тој има три пехари од Лига 1, два од Купот на Франција и исто толку од Супер-купот на земјата.