Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Асенсио, веројатно ќе добие продолжување на договорот кој му истекува во 2026 година.
21-годишниот дефанзивец дебитираше на мечот со Осасуна на 9 ноември, кога влезе на местото на повредениот Едер Милитао.
Се наведува дека Раул со новиот договор ќе добие и поголема плата. Тој игра на стоперската позиција.