Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала ќе потпише договор со Рома. Тоа го пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Се дознава дека Аргентинецот ќе потпише договор до летото 2025 година. Клучен фактор за трансферот на играчот беше тренерот на Рома, Португалецот Жозе Мурињо, кој го повика играчот и зборуваше за проектот што клубот го гради. Сите документи се во подготовка.
Дибала веќе еден месец е на слободен трансфер откако не успеа да се договори за продолжување на договорот со Јувентус.
Од 2015 година Дибала настапуваше за Јувентус каде на 293 натпревари постигна 115 голови и 48 асистенции. Претходно интерес за играчот имаше од Интер, Наполи, како и неколку клубови во Англија.