Новиот договор на Осман Дембеле со Барселона, кој според информациите во Шпанија многу брзо ќе стане факт, засега ќе го запре евентуалниот трансфер на Рафиња на „Камп Ноу“.
Французинот ќе потпише на две години откако се согласи да прифати намалување на платата. Допрва треба да се разработат некои детали, како шемата за бонуси што ќе ги приближи Каталонците до барањата на Дембеле. Бидејќи двете страни се приближија многу, во Барселона приоритет ставија за потпишувањето на овој договор. Тоа значи дека преговорите за Рафиња засега ќе бидат прекинати, тврди „Скај Спортс“.
Лидс вчера објави дека Рафиња останува надвор од составот за турнејата на тимот низ Австралија. Причината очигледно е што поскоро да се финализира неговиот трансфер. Пред неколку дена Барселона упати понуда вредна 55 милиони евра плус бонуси. Ова е за 5 милиони повеќе од претходната понуда, која Лидс ја одби.
Тимот на Лидс одамна прифати многу повисока понуда од Челзи за Рафиња – 60 милиони фунти (70 милиони евра). Сепак, самиот фудбалер моментално го стопираше трансферот на „Стемфорд Бриџ“, бидејќи се надева дека ќе игра во Барселона.