Корпулентниот фудбалски напаѓач, Едисон Кавани, се обидува да ги натера челниците на ПСЖ да го пуштат да замине во Атлетико Мадрид додека трае зимскиот трансфер период.
Според медиумите во Шпанија, уругвајскиот интернационалец ги поминал лекарските прегледи и сега го чека мигот кога двата тима ќе се договорат околу обештетувањето. Французите побараа 20-ет милиони а Атлетико понуди 15.
Имајќи в предвид дека Кавани во летото пред нас ќе биде слободен фудбалер, јасно е дека ПСЖ најверојатно ќе му даде зелено светло за преселба на стадионот – „Ванда Метрополитано“.