Според германскиот весник „Билд“ новиот тригодишен договор кој светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ќе го добие од Мерцедес ќе му донесе приход од рекордни 60 милиони долари годишно.
Станува збор за новиот договор со важност од 2019 до 2021 година.
„Ние сме апсолутно на иста бранова должина, но еден таков договор е над 100 страници со соодветен број работи за решавање, и сето тоа треба да се направи прво, пред да се потпише“, изјавил извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф.
До крајот на 2021 година, новиот договор на Хамилтон ќе му донесе приближно 184 милиони долари, неверојатен износ, за кој многумина сметаат дека е целосно оправдан, со оглед на неговите резултати во кариерата, особено во последните години.