Кајри Ирвинг, кој ќе биде слободен играч на 1 јули, ќе потпише договор за соработка со агенцијата на легендарниот рапер Џеј Зи – „Roc Nation Sports“.
Кошаркарот на Бостон откако ги прекина односите со долгогодишниот агент задолжен за трансфери, Џеф Векслер, се определи да соработува со њујоршката агенција со која договори имаат и Кевин Дурант, Дани Грин, Џереми Лин и Руди Геј.
Раперот, Џеј Зи, кој ја основа спортската агенција во 2013 година, мораше веднаш да ги продаде акциите од Бруклин Нетс за да не ги прекрши правилата на НБА.