Новиот Формула 1 тим Кадилак, кој ќе се приклучи во Ф1 шампионатот од 2026 година, ќе добие мотори и менувачи за својот болид од Ферари. Како што објавија двете страни, вчера бил потпишан повеќегодишен договор за соработка.
Се очекува дека до 2028 година, Кадилак ќе вози во Ф1 со мотори на Ферари, а потоа ќе почне да користи мотори од свое сопствено производство од брендот на Џенерал Моторс.