Фудбалерот на Реал Сосиедад, Серхио Каналес, следната сезона ќе го облече дресот на Бетис. Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид и Валенсија, се согласил со условите кои му ги понудиле андалузијците и следната сезона ќе го облече нивниот дрес.
27-годишниот Шпанец се согласи со 4-годишниот договор кој му го понудија од Бетис и таму заминува како слободен фудбалер. Каналес ќе биде трето ново име за Бетис откако веќе беа објавени и трансферите на играчот од средниот ред на Еибар, Такаши Инуи и голманот на Еспањол, Пау Лопез.