Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа Мајами на гости со 127:102 и изедначија на 1:1 во финалето од плејофот на Источната конференција. На Маркус Смарт му недостасуваше еден скок за трипл-дабл учинок, бидејќи забележа 24 поени, 12 асистенции и девет скока.
Двоцифрен учинок во победничкиот тим имаше Грант Вилијамс со 19 поени, како и Ал Хорфорд и Пејтон Причард кои постигнаа по десет. Во редовите на Мајами најдобар беше Џими Батлер кој за 32 минути на теренот постигна 29 поени.
Следните два натпревари од оваа серија се играат во Бостон, а првиот е ноќта меѓу сабота и недела.