Ливерпул се пласираше во финалето на Светското клупско првенство, но многу потешко од очекуваното, откако го совлада мексиканскиот Монтереј со 2:1. Победата за ливерпул дојде во дополнителното време, а менаџер Јирген Клоп го пофали голманот Алисон Бекер, кој имаше неколку важни интервенции.
„Сè што ви треба во натпревари како овој е да го имате Алисон Бекер. Тој беше вистински во најважните моменти. Натпреварот беше многу тежок. Имаше одлична атмосфера и убави голови. Не знам каква е ситуацијата со Вирџил Ван Дајк, но мислам дека ќе биде подготвен за финалето. Ќе видиме“, рече Клоп.
„Зедовме неколку млади момци со нас и се надеваме дека тие ќе ни бидат од корист. Со нетпрение го очекуваме натпреварот за трофеј со екипата на Фламенго“, додаде Германецот.
Предводникот на Монтереј, Антонио Мохамед, сепак, не беше задоволен од судијата и се пожали дека Џо Гомез требало да биде избркан.
„Требаше да има црвен картон, му реков на судијата. Можеби дресот на Ливерпул вреди повеќе од нашиот, па нивниот играч остана на теренот“, иронично коментираше Мохамед.