Шефовите на тимот на KTM одлучија времено да го паузираат развојот на моторот за сезоната 2025 поради финансиската криза во која се наоѓа компанијата.
Според непотврдени информации, долговите достигнале 3 милијарди евра. KTM сепак најави дека нема да се повлече од Mото Гран При трките без оглед на финансиската криза.
Ќе потсетиме дека возачите, Дани Педроса и Пол Еспeргаро воопшто не се појавија на тестовите во Шпанија.