Кошаркарите на Милвоки обезбедија полуфинале во НБА Купот, а Демијан Лилард вели дека оваа година Бакси во Лас Вегас се заминати за да го поправат она што не го направија минатата година.
„Милвоки имаше тежок почеток на сезоната, но сега го зголемуваме темпото. Минатата година немавме најдобро искуство во полуфиналето на НБА купот во Лас Вегас. Сега се враќаме со решеност да го завршиме она што го започнавме минатата година. Овој пат ќе направиме се како што треба“, вели ѕвездата на Бакс.
Во сабота, тимот на Док Риверс во Лас Вегас во битка за место во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Њујорк и Атланта.