Англискиот тим Ливерпул кој ја освои шампионската литула во Лигата на шампионите, освен пехарот кој што го доби синоќа по победата над Тотенхем, ќе добие 110 милиони евра за освоената титула во Лигата на шампионите – 2018/19.
„Црвените” ја освоија титулата од ова натпреварување по шести пат, победувајќи го Тотенхем во финалето со 2:0.
Наградниот фонд на Лигата на шампионите изнесува 1,73 милијарди фунти. Во групната фаза, тимовите добиваат 13.2 милиони фунти, 8.2 милиони за пласманов во елиминации, уште 9 за пласманот во четвртфиналето, 10,3 за пласманот во полуфиналето, а финалистите добиваат дополнителни 12,9 милиони фунти. Победата на Ливерпул ќе му донесе уште 17 милиони фунти на сметката на Ливерпул.
Со дополнителните бонуси, Ливерпул ќе добие околу 66 милиони фунти од турнирот, а земајќи ги во предвид добивките од телевизиските права, сумата ќе се зголеми до 97.5 милиони фунти или (110 милиони евра).