Кадетската ракометна репрезентација на Македонија загуби во 1/8 финалето на СП во ракомет што се одржува во Скопје. Нашите млади ракометари одиграа уште еден добар натпревар , но на крајот загубија од Португалија со 29:25.
Натпреварот почна со изедначена игра и резултатот беше во полза на нашата селекција која имаше на неколку пати предност од еден гол, за да во финишот од првиот дел Португалија го скрши отпорот на Македонија и отиде на одмор со предност од 15:12.
Македонија играше добро и во второто полувреме и имаше негатива од 2-3 гола разлика, за да успее на 7 минути пред крајот да дојде и до предност од 24:23. Потоа следуваше еден мал пад на концентрација кој го искористи Португалија и дојде до предност од 28:25 што беше недостижно за нашата селекција која на крајот прими уште еден гол за конечни 29:25.
Најдобри стрелци во редовите на нашата репрезентацијабеа Мартин Серафимов со 9 и Младеновиќ со 7 погодоци, а на голот на Македонија, одличен беше Кизиќ.
Сега Македонија утре ќе треба да игра за 13 место против селекцијата на Аргентина.