Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Мали и на голем број на европски врвни клубови Мохамед Сисоко, објави крај на професионалната кариера на 34-годишна возраст.
„Дојде крајот, јас ја завршувам кариерата. Ова е многу тежок избор. За мене, ова е исклучително тешка одлука, затоа што секогаш сум бил вклучен во фудбалот, тој е мојот живот“, рече Сисоко.
Тој ја започна својата кариера во 2002 година како дел од Оксер, од каде една година подоцна се пресели во Валенсија. Во 2005 година, дојде во Ливерпул, а три години подоцна се пресели во Јувентус. Играше и за ПСЖ, Фиорентина, Леванте, но и во Кина, Индија, Индонезија, Мексико и Хонг Конг.