Нејмар веќе им дојде преку глава на првите луше на ПСЖ и тие се подготвени да завршат со него, пишуваат француските медиуми. Според индормациите, шефовите на парискиот тим целосно го сменија својот став и се подготвени да разговараат за продажба на Бразилецот.
Лично претседателот Насер ал Келаифи објавил дека новата политика нема да толерира незаинтересираност и неодговорна игра на играчите, а Бразилецот неколку пати беше обвинуван за вакви работи по трансферот во 2017 година.
Напаѓачот пред своите роднини веќе изјавил дека во Париз повеќе не се чувствува среќен. Ова ја отвора вратата за неговиот трансфер, но францускиот шампион ќе го продаде само за добра понуда.