Челниците на фудбалскиот состав Валјадолид очекувано се разделија со тренерот, Паоло Пецолано. Тоа се случи по последниот пораз на домашен терен од Атлетико Мадрид во шампионатот на Шпанија.
41-годишниот стартег седна на кормилото во април 2023 година. Уругваецот го водеше тимот на 79 натпревари со ефект од 28 победи, исто толку порази и 15 нерешени средби.
Ваљадолид со само девет бодови се наоѓа закован на дното на табелата во Примера Дивизион.