Иако беше скоро се готово, Челзи може изненадувачки да се откаже од Маурицио Сари и на менаџерското место во тимот да го постави екс-селекторот на Франција, Лоран Блан. Оваа вест утрово ја лансираше авторитетното француско издание „Франс Фудбал“.
Според изданието, лондончани се премислиле во изборот и конечно се одлучиле да му ја доверат функцијата на Французинот. Наскоро се очекува разговорите да бидат и официјално потврдени.
Засега се уште не е јасно на кој начин ќе си замине актуелниот тренер на тимот Антонио Конте. Најверојатно тој ќе биде отпуштен, откако во неколку наврати истакна дека тој на своја рака нема да го прекине договорот со „сините“.