Американците во последниот ден на ЛОИ во Токио успеаја да ја престигнат Кина на врвот на листата на освојувачи на медали на овие Олимписки игри. Освојувајќи три златни медали, освоени од кошаркарите, одбојкарките и велосипедистката Џенифер Валенте, САД дојде до 39 златни одличја, едно повеќе од Кина, која денеска остана без ниту еден златен медал, завршувајќи на второто место со 38 златни, 32 сребрени и 18 бронзени медали.
Македонија Игрите во Токио ги заврши со едно сребро, кое го освои нашиот таеквондист Дејан Георгиевски.